Филмот „Скопје 2020“ ќе биде прикажан на 10 ноември во кино „Фросина“ како дел од 18. издание на фестивалот „Синедејс“. Станува збор за приказна за семејство што живее во најзагадениот главен град во Европа, Скопје, и се мачи со одлуката да се исели или да остане во родниот град.

Семеен филм за начинот на живеење во едно од најубавите годишни времиња во главниот град. Голема благодарност до властите, кои со својата стратегија за справување со загадувањето ни овозможија одлични услови за снимање. Немаше потреба од дополнителни специјални ефекти и компјутерска обработка на сликата“, велат иронично творците на филмот.

Режисер на филмот е Радован Петровиќ, во продукција е на „Кино Око“, а во него играат Верица Недевска, Зоран Љутков, Ториан Азгур, Анастасија Аневска, Катерина Коцевска, Стефанија Митовска, Петар Стојанов, Љубиша Гавровски, Дејан Ристовски, Ивана Петровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.