Филмот „Сирена во Париз“ со шпанската актерка Роси де Палма и Французинот Ерик Кантона ќе се снима на локации во Битола и во Скопје. Филмот е француско-белгиско-македонска копродукција, комплетно дистрибуиран од „Сони Пикчрс“.

Се работи за филм на белгиски копродуцент, кој минатата година снимаше филм во Македонија. Снимањето на филмот ќе започне на 30 август годинава, една недела во Битола, а потоа во Скопје. Успехот на македонскиот филм последна година е фантастичен, покажуваме дека сме квалитетна продукција и можеме да доведеме квалитетни филмски работници, најави денеска продуцентката Лабина Митевска од продукцијата „Сестри и брат Митевски“, која е дел од копродукцијата на филмот.

Американската компанија „Нетфликс“ во октомври годинава првпат ќе дојде во земјава за да го снима првиот дел од новата играна серија наречена „Во вечерта“, соопштија на денешна конференција Агенцијата за филм на Македонија и продукцијата „Сестри и брат Митевски“ .

Серијата ќе се снима на Аеродромот Скопје. Главниот продуцент е белгиската компанија „Ентре Шиен е Лу“, раководена од европскиот продуцент Себастиен Делои.

Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм, истакна дека сите кои се занимаат со филмска продукција знаат колку е тешко една компанија како што е „Нетфликс“ да дојде во една држава за да снима филм.

„Нетфликс“ е многу голем, многу моќен. „Нетфликс“ има светска мапа каде ги става знаменцата од местата што ги има посетено и прв пат годинава знаменцето на нашата земја ќе биде ставено на нивната мапа. Пред да се одлучи да престојува во една држава, компанијата прави анализа каква е стабилноста на таа држава и како работи нивната Агенција за филм. Јас сум среќен што оваа компанија ја одбра Македонија, ја одбраа компанијата на Лабина да им биде домаќин и да им ги пржи сите сервис услуги, рече Тозија.

Продуцентката Лабина Митевска истакна дека е од економско и културолошко значење еден филм да се донесе и да се работи токму во нашата држава.

Мини серијата на „Нетфликс“ наречена „Во ноќта“ е составена од осум еписозди и речиси целата првата епизода ќе се снима во нашата држава. На почетокот на октомври ќе пристигне половина од екипа, односно околу стотици луѓе. Оваа огромна продукција е фантастична за македониска кинематографија и сите македонски работници зашто ќе можеме да искусиме нешто ново и поразлично, рече Митевска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.