Македонскиот филм во развој „Најсреќниот човек на светот“ во  продукцијата „Сестри и брат Митевски“, режија на Теона Стругар Митевска доби поддршка од Креативна Европа МЕДИА од 30.000 евра на повикот за „Развој на проект“ (прв рок).

Филмот е по сценарио на Теона Стругар Митевска и Елма Татарагиќ и ќе биде претставен на Канскиот филмски фестивал пред многу продуценти, дистрибутери, продажни агенти и фестивалски селектори како дел од програмата  за развој на проекти Ателjе. Филмот „Најсреќниот човек на светот“ ја доби и првата награда за развој на проект од Еуроимаж во висина од 20.000 евра во рамките на маркетот Синелинк на Сараевскиот филмски фестивал.

Повикот за „Развој на проект“ од Креативна Европа МЕДИА ко-финансира европски филмски продукции  (со долгометражни играни, документарни или анимирани филмови/серии) со висок потенцијал за меѓународна дистрибуција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.