Почина македонскиот ликовен уметник Јован Балов, кој живееше и твореше во Берлин, Германија. Балов почина вчера, неколку недели пред неговиот 61. роденден, а веста за смртта ја објави на социјалните мрежи неговото семејство. Освен неговата богата ликовна дејност, Балов беше познат и по тоа што ја отвори берлинската сцена за колегите од Македонија и Балканот, поради што многумина го идентификуваат како амбасадор на регионот. Од 2004 во галеријата „Прима центар“ во Берлин по заслуга на Балов се реализирани голем број ликовни претставувања на македонски и на странски автори.

Го реобјавуваме разговорот со Јован Балов, објавено во Неделникот „Република“ на 13.11.2015 година

Не­о­дам­на Ви бе­ше до­де­ле­на на­гра­да­та „Европ­ско ли­це на го­ди­на­та“, ко­ја се до­де­лу­ва на лич­но­сти што на свој на­чин при­до­не­ле за афир­ма­ци­ја на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во европ­ски рам­ки, ка­ко и за про­мо­ци­ја­та на европ­ски­те вред­но­сти во на­ша­та зем­ја… Што зна­чи за Вас ова приз­на­ние и ка­ко го до­жи­ве­а­вте до­де­лу­ва­ње­то?

Балов: Ова е прв­пат да до­би­јам на­гра­да во Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но на­гра­да за тоа што го ра­бо­там со про­е­ктот „При­ма цен­тар“ во Бер­лин и за­тоа ми е дра­го што ете не­кој нај­де вре­ме да го про­а­на­ли­зи­ра и про­сту­ди­ра тој си­лен труд и тоа сил­но ег­зи­сти­ра­ње на бер­лин­ска­та сце­на. „При­ма цен­тар“ по­стои од 2004 го­ди­на и бе­ше пла­ни­ран ка­ко про­стор што ќе пре­зен­ти­ра ма­ке­дон­ска ал­тер­на­тив­на умет­ност, но со тек на го­ди­ни­те се по­ја­ву­ваа раз­лич­ни ком­би­на­ции, окол­но­сти и те­шко­тии, и „При­ма цен­тар“ го за­др­жа ста­ту­сот на про­ект-га­ле­ри­ја, но го за­др­жи ста­ту­сот на про­е­ктен про­стор во Бер­лин, кој ре­дов­но ин­фор­ми­ра за тоа што се слу­чу­ва во Ма­ке­до­ни­ја. Во те­кот на овие 12 го­ди­ни по­ми­наа на­ви­сти­на мно­гу ко­ле­ги умет­ни­ци, кул­тур­ни ра­бот­ни­ци од Скоп­је и од це­ла Ма­ке­до­ни­ја, кои си­гур­но де­ка имаа мож­ност да се за­поз­на­ат со Бер­лин и со бер­лин­ска­та сце­на, да ги ос­тва­рат на­ме­ри­те по­ра­ди кои се дој­де­ни итн.

 

Ре­ко­вте де­ка мно­гу­број­ни умет­ни­ци од Ма­ке­до­ни­ја го прет­ста­ви­ле сво­е­то тво­реш­тво во „При­ма цен­тар“. Има­ат ли тие мож­ност мал­ку по­ве­ќе да пре­сто­ју­ва­ат во Бер­лин, или це­ли­от пре­стој е вр­зан со из­лож­ба­та? Има­ат ли не­ка­ков кон­такт со гер­ман­ска­та пуб­ли­ка?

Балов: Во „При­ма цен­та­рот“ не­ма пра­ви­ла, умет­ни­ци­те до­а­ѓа­ат и пре­сто­ју­ва­ат спо­ред сопс­тве­ни­те мож­но­сти и вре­ме­то што им е да­де­но. Го­ди­на­ва, Еле­на Ал­че­ва бе­ше по­ве­ќе од три не­де­ли во Бер­лин, иа­ко Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра ги по­кри­ва тро­шо­ци­те за пре­стој од две не­де­ли. Ле­то­во го­сту­ва­ше Ата­нас Бо­тев, па се­га па­ту­ва До­ро­ти Пач­ко­ва. Не­ма пра­ви­ло, сѐ е до­го­вор. Јас не им ги бро­јам де­но­ви­те, се прис­по­со­бу­вам на си­те ус­ло­ви што ним им од­го­ва­ра­ат. Тоа што е мно­гу важ­но за тоа што го ра­бо­там во Бер­лин е по­вр­зу­ва­ње­то на Скоп­је и на Ма­ке­до­ни­ја со Бер­лин. До­се­га сум ре­а­ли­зи­рал три­е­сет­ти­на про­е­кти во Ма­ке­до­ни­ја со бер­лин­ски умет­ни­ци. Зна­чи тоа не е са­мо ме­сто во кое јас ги до­че­ку­вам лу­ѓе­то од Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку во не­кој пер­и­од по­ус­пеш­но беа пре­зен­ти­ра­ни мно­гу­број­ни умет­ни­ци од Бер­лин. Мис­лам де­ка во тој пер­и­од Ма­ке­до­ни­ја ка­ко сце­на бе­ше поз­на­та на бер­лин­ска­та сце­на. Ко­га ќе до­не­се­те во Ма­ке­до­ни­ја сто­ти­на ими­ња што се врв во свет­ска­та гло­бал­на ли­ков­на сце­на, то­гаш са­мо­то тоа што тие би­ле во Ма­ке­до­ни­ја ѝ но­си реј­тинг на ма­ке­дон­ска­та ли­ков­на сце­на, ако мо­жам да ја на­ре­чам та­ка, ако во­оп­што ја има.

Ве­ли­те, јас сум, пред сѐ, умет­ник. Ка­ко Ве од­не­се жи­вот­ни­от и про­фе­си­о­на­лен пат во Бер­лин? Од ка­де ток­му таа де­сти­на­ци­ја?

Балов: Најс­лу­чај­но го од­брав Бер­лин. За­па­ден Бер­лин бе­ше, мо­же­би, единс­тве­ни­от град од За­пад­на Евро­па до кој мо­же­ше да се дој­де со по­мал­ку па­ри. За­па­ден Бер­лин бе­ше изо­ли­ран во ДДР и па­тот чи­не­ше мал­ку. Дип­ло­ми­рав во Скоп­је, на Ака­де­ми­ја­та за ли­ков­ни умет­но­сти, во 1987 го­ди­на, и не­пол­ни две го­ди­ни ми тре­баа за да сфа­там де­ка ми тре­ба дру­га сре­ди­на ка­де што ќе се ре­а­ли­зи­рам. За Бер­лин ме инс­пи­ри­ра­ше фил­мот на Вим Вен­дерс „Не­бо­то над Бер­лин“, ја пре­поз­нав дра­ма­та во гра­дот и трг­нав во тој пра­вец.

 

Ка­ко дој­де по­тоа до соз­да­ва­ње­то на „При­ма цен­тар Бер­лин“?

Балов: Со­ра­бо­ту­вав­ме со по­ве­ќе ин­сти­ту­ции во Ма­ке­до­ни­ја, глав­но му­зеи… Всуш­ност во 2000 го­ди­на во Му­зе­јот на со­вре­ме­на умет­ност ус­пе­ав да ре­а­ли­зи­рам ин­те­рес­на из­лож­ба „Мул­тип­ли­ци­ран из­бор“, во ко­ја учес­тву­ваа умет­ни­ци­те: Бер­нард Гар­берт, Деј­вид Рид, Ви­ктор Ни­ко­ла­ев и јас ка­ко автор. Ние имав­ме мно­гу ин­те­рес­но искус­тво со таа из­лож­ба и се оби­дов­ме тоа искус­тво да го иско­ри­сти­ме за дру­ги про­е­кти. След­на­та го­ди­на во На­ци­о­нал­на га­ле­ри­ја ор­га­ни­зи­рав­ме и друг про­ект, по­втор­но со гер­ман­ски авто­ри, и по­тоа еден­по­друг се ре­деа про­е­кти­те. Поч­нав­ме и во Бер­лин да пре­зен­ти­ра­ме ма­ке­дон­ски умет­ни­ци на по­ве­ќе ло­ка­ции и со­би­рај­ќи го се­то тоа ра­бот­но искус­тво дој­де до по­тре­ба се­то тоа да се ста­ци­о­ни­ра во еден кон­кре­тен про­стор и да се дејс­тву­ва по­се­ри­оз­но и по­а­ктив­но на таа ре­ла­ци­ја Бер­лин – Скоп­је. Во по­че­то­кот на 2001 го­ди­на во Бер­лин, ка­де што жи­ве­ам, се фор­ми­ра­ше ед­на асо­ци­ја­ци­ја на га­ле­ри­сти, на умет­ни­ци, на ател­јеа и па­ра­лел­но до­де­ка ра­бо­тев­ме на про­е­ктот за ре­ла­ци­и­те Бер­лин – Скоп­је, јас сле­дев што се слу­чу­ва во тоа здру­же­ние и по­ба­рав да чле­ну­вам во не­го би­деј­ќи со зач­ле­ну­ва­ње­то во здру­же­ни­е­то авто­мат­ски се до­би­ва ко­ри­сте­ње про­стор. Из­ве­сен пер­и­од бев на ли­ста­та на че­ка­ње, а по­тоа го до­бив про­сто­рот во 2004 го­ди­на и во ју­ни стар­ту­вав со из­лож­ба­та „Сег­мен­ти“ на ма­ке­дон­ски умет­ни­ци: Ис­мет Ра­ми­че­виќ, Жа­не­та Ван­ге­ли, Славчо Со­ко­ловски… ли­ста­та бе­ше го­ле­ма. Та­ка поч­на да ра­бо­ти „При­ма цен­тар Бер­лин“. По­тоа сле­ду­ва­ше ра­бо­та­та на те­жи­на и на афир­ма­ци­ја на про­сто­рот. Тоа го пра­ват ре­но­ми­ра­ни це­не­ти умет­ни­ци, ка­ко Сил­ви­на Дер­мо­ге­ди­чи­јан, Ма­ри­ја­на Ва­си­ле­ва, Кри­сти­јан Де­луч… ими­ња што за Бер­лин зна­чат мно­гу. По­ле­ка рас­те­ше ин­те­ре­сот за га­ле­ри­ја­та, а од 2007 го­ди­на поч­на и со­ра­бо­тка­та со Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра, та­ка што го­ди­на­ва има­ме шест из­лож­би.

За­бе­ле­жав де­ка ре­ко­вте „ако во­оп­што по­стои ма­ке­дон­ска ли­ков­на сце­на“. Зо­што има­те та­кво мис­ле­ње?

Балов: Ли­ков­на­та сце­на во Бер­лин функ­ци­о­ни­ра на след­ни­ов на­чин: Та­му има три ли­нии по кои мо­же да се ре­а­ли­зи­ра еден умет­ник. Пр­ва­та ли­ни­ја е т.н. ко­му­нал­ни про­сто­ри, ко­ја ги оп­фа­ќа си­те му­зеи и си­те про­сто­ри за из­ло­жу­ва­ње, се­ко­ја оп­шти­на има град­ски оп­штин­ски га­ле­рии, ку­ќи на кул­ту­ра­та, а нас­про­ти тоа по­сто­јат из­лож­бе­ни ку­ќи фи­нан­си­ра­ни од др­жа­ва­та и од умет­ни­ци­те до тие про­сто­ри до­а­ѓа­ат са­мо­стој­но или пре­ку ку­ра­то­ри­те. Во Бер­лин мо­мент­но се актив­ни пре­ку 80 про­сто­ри. Вто­ра­та ли­ни­ја се ко­мер­ци­јал­ни­те га­ле­рии, кои се раз­ли­ку­ва­ат од га­ле­ри­и­те кај нас. Во Бер­лин ко­мер­ци­јал­на умет­ност е таа што се про­да­ва за 20-30.000 евра и нив ги има пре­ку 200 и тие дејс­тву­ва­ат ка­ко ба­за што ги по­вр­зу­ва ко­лек­ци­о­не­ри­те со умет­ни­ци­те и, нор­мал­но, бор­ба­та за влез ов­де е те­жок. И тре­та­та ли­ни­ја на дејс­тву­ва­ње е ли­ни­ја на не­за­вис­ни про­сто­ри во кои дејс­тву­ва­ат не­за­вис­ни про­сто­ри ме­ѓу кои е и „При­ма цен­та­рот Бер­лин“. Се­ко­ја про­ект-га­ле­ри­ја има сво­ја по­ли­ти­ка и на­чин на дејс­тву­ва­ње. А што има­ме од се­во ова во Скоп­је? По­сто­јат ли ко­му­нал­ни про­сто­ри? Ко­мер­ци­јал­ни­те га­ле­рии се све­де­ни на про­даж­ба на евти­ни ли­ков­ни де­ла, све­ста на ко­лек­ци­о­не­ри­те е све­де­на на ми­ни­мум. Са­мо не­кол­ку­ми­на во Ма­ке­до­ни­ја ја има­ат таа свест на ко­лек­ци­о­не­ри и се оби­ду­ва­ат да на­пра­ват ко­лек­ции и за­тоа ве­лам „ако во­оп­што по­стои ма­ке­дон­ска ли­ков­на сце­на“.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Александар Ивановски
(Текст објавен во 167. број на неделникот „Република“, 13.11.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.