На три различни фестивали филмот на македонската режисерка Теона Струга Митевска „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ освои седум награди, соопштија од „Сестри и брат Митевски Продукција“.

Започнувајќи со Филмскиот фестивал во Мароко, Salé Women Film Festival, Петрунија освои три награди. Специјалната награда од жирито за режија, ја доби режисерката Теона Стругар Митевска, наградата за најдобар актер ја доби прекрасната Зорица Нушева и главната награда доделена од УНЕСКО ја доби македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, која ја споедулува со грчкиот филм „Нејзината работа“ на Никос Лабот. Апсолутен фаворт на фестивалот во Мароко беше „Петрунија..“, каде што беше одлично примен од страна на публиката, жирито, филмските професионалци и новинари.

Во соседна Србија, во Лесковац, на штотуку завршениот Интернационален фестивал посветен на филмска режија, Петрунија понесе две награди. Главната награда за најдобра режија ја доби Теона Стругар Митевска, која е и парична награда во висина од 4.000 евра, и наградата за најдобра глумица ја доби македонската актерка Зорица Нушева која го толкува ликот на Петрунија.

Во Словенија на Филмскиот фестивал во Порторож посветен на словенечкиот филм, наградата за најдобар филм за малцински копродукции во конкуренција од одлични осум филма, „Златната Весна“ ја доби македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“. Филмот на Стругар Митевска доби уште една награда и тоа од Здружението на уметнички кина на Словенија.

На истекот од летото по само седум месеци фестивалска турнеја „Петрунија…“досега освои 21 награди и има кино дистрибуција во 35 земји.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.