Љубителите на германски филм ќе имаат можност да го погледнат филмот „Феникс“ во рамките на серијата германски филмови за силни жени. Филмска вечер која ќе се одржи на 19.12.2019, во 20:00 часот во Кинотека на Северна Македонија е уште една во низата германски филмови на тема силни жени/ жени за пример, а филмот кој ќе може да се погледне е на режисерот Christian Petzold.

За Нели (Нина Хос) сите мислат дека е мртва, а таа сепак го преживеа Аушвиц. Има тешки повреди и лицето ѝ е уништено. По операцијата само оддалеку наликува на жената што претходно била. Сега сака да му се врати на својот стар живот, животот со сопругот Џони (Роналд Церфелд), нејзината голема љубов. Ќе го сретне повторно во бар, каде што работи. Тој, сепак, не ја препознава и многу повеќе мисли дека е личност, која случајно личи на сопругата за која верува дека е мртва. Можно е Џони да ја издал Нели на нацистите, кој сега смислува храбар план: наводната двојничка треба да ја глуми неговата жена, за да дојде до нејзиното наследство.

Влезот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.