Со намален состав, помалку од 20 музичари, Филхармонијата на Париз по подолга пауза поради карантинските мерки го одржа својот прв концерт, без публика и со два метра растојание меѓу дувачките инструменти, јави дописникот на МИА.

Концеротот се одржа во големата сала Пјер Булез, а се емитуваше онлајн на платформата „Филхармонија во живо“.

Ние сме насмеани, разменуваме шеги и дури се забавуваме со аплаудирање на крајот од секое дело наспроти празната сала, освен неколку новинари, сниматели и техничари. Повторното собирање по двомесечната пауза е како „да сме нуркале, и откако излеговме на површината на водата, земаме длабок здив на свеж воздух“, изјави за француските медиуми Филип Ајш, прва соло виолина, кој ја предложи програмата за овој концерт зад затворени врати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.