Филхармонија соопшти дека сите концерти до крајот на месецот се откажани.

Согласно новонастанатата ситуација во нашата земја и водејќи се од најновата препорака од Владата на Република Северна Македонија која беше донесена на 10 март 2020 година, а истата се однесува за одложување на јавните собири и настани, НУ Филхармонија ги одлага сите концерти заклучно со крајот на месец март.

„Средствата за билетите што нашата публика веќе ги има купено на билетарница ќе им бидат вратени, а доколку билетите се купени онлајн, тогаш купувачите треба да испратат електронска порака на [email protected] Во неа треба да го наведат бројот на нарачката, датумот и саатницата кога е иницирано плаќањето и средствата ќе им бидат рефундирани по електронски пат“, информираат од Филхармонија.

Билетарницата на Филхармонија ќе работи од понеделник до петок со скратено работно време од 10-14 часот.

За понатамошната реализација на програмата, Филхармонија дополнително ќе ја информира јавноста, стои во соопштението од Филхармонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.