Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ почна со прегледување на 35 аматерски документарни филмови на автори од 10 европски држави.

На прес-конференција во Битола, претседателот на Советот на фестивалот Стефан Хаџи Андоновски истакна дека за најдобрите ќе бидат доделени традиционални награди, а од оваа година новина е наградата за сценарио која го носи името на долгогодишниот член на жирито на овој фестивал, неодамна починатиот Стефан Сидовски.

Жири комисијата ќе ги награди најдобрите и според квалитетот на документарниот филм, а само еден автор ќе ја добие највредната награда, односно ран при плакета „Милтон Манаки“. Инаку според востановената традиција фестивалот ќе додели и други награди и признанија, а Советот на фестивалот одлучи досегашната награда за сценарио да ја именува според  долгогодишниот член на жирито на овој фестивал, неодамна починатиот Стево Сидовски, истакна Хаџи Андоновски.

Наградените филмови ќе бидат премиерно емитувани во рамки на празничата програма на Општина Битола посветена на Денот на ослободувањето на градот – 4. Ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.