Познатиот фестивал во Единбург, кој се нарекува најголемо славење на уметноста и културата во светот, е откажан поради пандемијата на коронавирус, пишува СиЕнЕн, а тоа го потврдила и извршната директорка Шона МекКарти и навела дека фестивалот бил закажан за август оваа година.
Првата шкотска министерка, Никола Стургеон, рекла дека станува збор за одлука со која на сите им се крши срцето, но е неизбежна во овие моменти.

Ние имавме потврда дека славниот фестивал во Единбург ќе биде откажан ова лето за прв пат по повеќе од 70 години. Иако ова беше многу тешка одлука, таа е целосно исправна, рекла Стургеон за време на денешниот говор пред шкотскиот парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.