Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО го распишаа конкурсот за интернационалната награда „Мостови на Струга“ 2019 за најдобра дебитантска книга од млад светски автор.

Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2019 година.

Поетот–лауреат ќе биде поканет да учествува на изданието на Струшките вечери на поезијата во Струга истата година (21 – 27 aвгуст 2019 година), каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.