Предложениот закон за употреба на македонскиот јазик има повеќе општи отколку обврзувачки одредби. Примената на јазикот не се нормира, а инспекциските служби нема да имаат надлежност да казнуваат туку само да помагаат во правилната употреба, рече професорката Елка Јачева – Улчар во интервју за Алфа телевизија.

Според неа законот навлегува во автономијата на универзитетите и дека предложеното решение се прави според законите кои ја третираат употребата на другите јазици, подвлекува дека законски мора да се регулира и употребата на топонимите на македонски јазик, а лекторите во сите државни и јавни институции мора да бидат обврска како и изучувањето на македонскиот јазик од прво одделение за сите етнички заедници.

Според предлог – законот на сите универзитети во државата минимум два семестри треба да се изучува македонскиот јазик, да се создаде електронска база на научни истражувања за јазикот, да се отворат нови и да се возобноват старите лекторати во странство, а во нашите амбасади низ светот да се овозможи изучување за сите странци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.