Премиерот Зоран Заев денеска по протестниот марш на културните работници побарал средба со нивниот синдикат. Средбата е закажана за 24. овој месец.

Околу 1.000 културни работници од целата земја денеска маршираа за уредување на нивните плати и за донесување колективен договор.

Со одлепување на усните, кои им беа залепени со самолеплива трака, пред Министерство за култура, културните работници денеска го изразија незадоволството и разочарувањето од згазените социјални права на вработените во културата и отсуството на општ колективен договор веќе 15 години.

Се маршираше од паркот зад Филхармонија, па до Владата и до Министерство за култура.

Културните работници ја скинаа лепенката од устата, во знак на крај на молчењето, и се претставија од каде доаѓаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.