Иако уште пред десетина дена Владата, на својата седма седница, донесе одлука на екипата на документарниот филм „Медена земја“ да им биде доделена награда во висина од 3 милиони денари (околу 50.000 евра) во знак на признание на меѓународниот успех, тоа досега не е реализирано.

Од Владата за „Вечер“ велат дека „постапката е во тек и се собираат потребните документи за да се изврши исплатата“.

Во меѓувреме топката се префрлаше меѓу министерствата за финансии и култура и кабинетот на премиерот, за во јавноста да се појават и информации дека средствата нема да бидат исплатени бидејќи во буџетот на Министерството за култура немало пари за оваа намена, но и дека нема законски основ по кој тие би се исплатиле, со што и одлуката била „избрзана“. Од Владата, пак, истакнуваат дека ова се само шпекулации.

Инаку, со владината одлука екипата на „Медна земја“, како што посочи и техничкиот премиер „Оливер Спасовски“, ќе добие по околу 7.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.