Премиерот на Албанија, Еди Рама отвори самостојна изложба на свои дела во берлинската галерија Карлиер-гебауер, а станува збор пред сѐ, за акварели насликани на политички документи.

Рама (54) слика на документи и хартија коишто ги користи во секојдневниот живот. Тие цртежи потоа ги печати и продава како тапети. Тој, инаку е и дипломиран професор по ликовна уметност.

Рама, при својот приватен престој во Берлин, за „Дојче веле“ изјави дека неговото сликарство и политичката кариера не се поврзани меѓу себе.

Едноставно, цртам. Цртам при состаноци, цртам при телефонски разговори, во паузи… Тоа е природен процес. Раката го следи окото и окото ја следи раката додека фокусот е на дискусијата, на работата, на одлуките кои треба да се донесат, прашањата кои треба да се решат, додава Рама.

Рама исто така, истакнува дека тоа што е политичар, не му пречи да слика.

Напротив, тоа ми помага, зашто и натаму својата работа ја извршувам нормално, нагласи тој.

Изложбата под наслов „Дела“ е отворена до 9 март 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.