Денеска (21 јануари) во 18 часот македонската ликовна уметница Марија Павловска ја отвора својата самостојна изложба „Моето бело II“ ( White of Mine II) во галеријата „Манила Хаус“ ( Manila House Gallery, Manila House – Private Members Club) во Манила, на Филипините. Со оваа изложба Павловска дебитира во Азија.

-„Manila house“ ( Manila House Gallery, Manila House – Private Members Club) е приватен клуб, мошне престижен во Азија и претставува водечко тело кое опстојува претставувајќи го сето она што е актуелно во Азија и во светот во моментов. Јас се претставувам денеска овде со 9 големи формати во црно-бела техника, веке препознатливи за мојот автентичен израз и авторство. Меѓу повеќето звучни имиња кои изложуваат во исто време би сакала да го издвојам Џеф Кунс ( Jeff Koons), ни изјави Марија Павловска пред денешното отворање на изложбата.

„Манила хаус“ е клуб за приватни членови, кој ги обединува членовите од бизнис заедницата, но и креативните, културните и интелектуалните заедници на Филипините. Тоа е збир на различни луѓе со глобална гледна точка, кои се поврзале, привлечени од заеднички интереси и копнеж за постојано да учат за уметност, култура, храна, бизнис и политика, како и едни од други.

-Интеграл на нашата мисија во „Манила хаус“ е желбата да бидеме простор и дух кој ги негува новите и извонредни таленти во различни сектори: креативни, културни, академски, научни и медицински, како и во литературата и технологијата. Презентираме возбудлива програма на настани во текот на целата година која вклучува филм, храна, политика, бизнис, музика, здравје и здравје, наука и технологија, дизајнирани да инспирираат, стимулираат, едуцираат, забавуваат и забавуваат, велат од „Манила хаус“.

Претходно во интервју за „Република“, македонската ликовна уметница со ѕвездена интернационална кариера, говореше за проекти кои ја очекуваат во 2019 година, меѓу кои и за поканата за учество на Венециското биенале.

-Точно, моето творештво и јас лично сум поканета да присуствувам на 58 Венециското Биенале – 2019 година / 11 мај – 24 ноември 2019 година. Мојот проект “А Реакција” е забележан, посочен и поканет да ја представува нашата земја за оваа година од страна на кураторите на 58 Венецијанско биенале, поддржано од Eвропскиот Културен Центар и GAA фондацијата ( Global Art Affairs), со посочен и даден простор во Палацо Мора, централно место вo Венеција, прв спрат/ Space A & Room 2, 173m2. , како што самите објаснија – како што проектот заслужува.
Проектот и неговата презентација го поддржуваат и: Mana Contemporay, Fondacion Sebastian и Carole Feuerman Foundation. Се надевам и со поддршка на Министерството за Култура на Република Македонија мојот проект ке биде претставен на Венецијанското биенале, рече Марија Павловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.