Маестро Џоел Ревзен на 74-годишна возраст почина од последици од Ковид-19.

Ревзен ги започнал студиите на музичкиот колеџ во Чикаго на универзитетот Рузвелт каде студирал диригирање, пијано итн. Од таму школувањето го продолжува во Џулијард, каде студирал диригирање и се здобил со магистерска и докторска титула.

Во 1984 година се приклучил на камерниот оркестар „Свети Павле“ како асистент диригент, каде водел настапи секоја година, вклучувајќи регионални турнеи и годишни настапи. Во 1991 година станува уметнички директор и диригент на операта Беркшир, каде што водел 28 продукции. На операта во Аризона и се приклучува во 2003 година како Уметнички директор / Главен диригент и водел 31 оперска продукција со над 150 претстави.

Ревзен девет сезони работел на факултетот на Фестивалот Аспен .. Во 1999 година се приклучи на раководниот кадар на Метрополитен Опера и дебитираше во 2017 година, водејќи две претстави „Евгениј Онегин“ со Ана Нетребко и Питер Матеи. Беше и асистент на диригентот на продукциите на „Турандот“ на Пучини, „Волшебната флејта“ на Моцарт, „Норма“ на Белини, „Лучија од Ламермур“ на Доницети…

Во 2018 година беше назначен за музички директор на музичкиот фестивал Мејшад во Маракеш Мароко. Во текот на годините, тој гостуваше како диригент на многу оркестри, вклучувајќи го симфонискиот оркестар на Прага, Прашки камерен оркестар, Јаначек филхармонија, Национален оркестар на Лион, Оркестарот на Тулуз, Филхармонијата на Радио Франција, Националниот симфониски оркестар, симфонискиот оркестар на Сиетла, Минесота, Филхармонијата на Флорида, Национален Оркестар на Канада и Камерен оркестар на Сан Ремо (Италија). 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.