По синоќешниот концерт во Лондон, Џијан Емин сподели фотографии и впечатоци од настапот на социјалните мрежи.

Derik Mej i Emin Dzijan vo London

Прв пат во историјата на Ројал фестивал хол публиката стана на нозе да игра. Покрај тоа имавме многу добар концерт, напиша Емин.

Синоќа во една од најпрестижните концертни сали во светот – „Ројал фестивал хол“, заедно со оркестарот „Сити оф Лондон симфонија“, Џијан Емин настапи како диригент заедно со реномираниот диџеј Дерик Меј, чија успешна соработка трае неколку години на меѓународните сцени.

На концертот беа изведени композиции на Меј и на Емин, за чија оркестрација се погрижи токму македонскиот истакнат уметник. Се работи за нов концепт, во кој се вклучени и неколку џез-музичари, за да се добие нов звучен израз, покрај електроакустичниот пристап кон симфонискиот оркестар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.