Вечерва (12-ти јули) во Галичник, во предвечерието на Галичката свадба 2019, Џијан Емин во соработка со Македонската Филхармонија и ЗЏМ (здружението на џез музичари на Македонија) ќе одржи целовечерен авторски концерт.
Оркестарот ќе биде составен од класични и џез музичари кои заедно со Џијан Емин ќе ни приредат несекојдневен музички настан и програма која е инспирирана од природните убавините на Бистра и Галичник кој веќе се здобива со епитет културен центар.
Музиката ќе биде фузија од неколку различни жанрови, која преку невообичаената оркестрација и користењето на разновидниот музички јазик на секој индивидуален музичар, ќе донесе нов звук и нова енергија. Доколку се земе предвид дека самата локација на Галичник е повеќе од восхитувачка и на тоа се додаде звукот на тапаните и зурлите на добро познатите Мајовци, може да очекуваме широка палета на звучни бои, мелодии и ритмови споени во еден музички настан кој ги има сите атрибути да постигне ниво на вистински спектакл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.