„Охридско лето“ , вечер од 18.30 часот во црквата „Св. Софија’ во Охрид ќе организира работилница на тема „Музиката денес“, на која предавач е музичарот Џијан Емин.
Како што соопшти дирекцијата на фестивалот, ќе се зборува за различните перцепции на музиката, начинот на кој се создавала низ историјата и како се восприемала, како денес се создава и се доживува, колку технологијата реално ја загрозува суштинската идеја на композиторот во процесот на создавање, како да распознаваме добра од лоша музика, квантитет наспроти квалитет…

Од 20 часот ќе следува авторски концерт на квартетот на Џијан Емин, во состав: Кирил Кузманов – алт саксофон, флејта, Џијан Емин – пијано, клавијатури, глас, електроника, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Гоце Стевковски – тапани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.