Во Салон 19:19 вечерва од 19:19 часот ќе се одржи џез вечер на Клод Болинг со Toot Quartet.

Како што информираат од Културно-информативниот центар – Скопје, Toot quartet концертираат од 2020 година и настапиле во Дом на култура Ѓорче Петров и Кисела Вода во Скопје, Кавадарци, Струмица и Неготино.

Составот на Toot Quartet е Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас и Филип Шурбевски-тапани.

Клод Болинг е роден на 10 април 1930 година. Тој е француски џез пијанист, композитор, аранжер и повремено извeдувач. Има напишано музика за 75 филмови, 44 музика за телевизиски серии, музика за биг бенд, 11 композиции во кросовер стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксофон кои се микс од популарна, џез, класична музика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.