Mакедонскиoт писател Зоран Пејковски, објави два нови книжевни проекта. Станува збор за две новообјавени книги: „Патиштата на дијалогот во театарот преку Константин Сергеевич Станиславски и Бертолд Брехт“ (учебник за студентите по драматургија) и детската драмска пиеса „Мали детски разговори“.

Значи покрај веќе неодама објавените книги: „Драмата во стих во македонскиот театар“ (учебник за студентите по драматургија) и поемата „Од предците за потомците или збратимени во името на своите предци“, ова се негови четри објавени книги на македонски јазик, како и „Requiem dla miᴌṥci“  („Реквием за љубовта“) драма во стих во 5 сцени, со пролог и епилог одиграна во 2018 година во Полска, за која минатата година ја добива и меѓународната книжевна награда за литература KLEMENSA JANICKIEGO од Полска за најдобар драмски текст, а еве 2019 година излегува од печат), како и објавувањето на аудио книгата „Здивот на смртта“ кои стиховите ги говори актерот од Народниот театар од Битола, Борис Чоревски, за која минатата година од реномираната издавачката куќа „Феникс“ од Скопје ја добива и наградата „Орфеј“, што значи овој е шести книжевен проект на драмскиот писател, поет, прозаист, драматург, публицист, преведувач и литературен критичар академикот Зоран Пејковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.