„Рихванд“ или „бекдроп“, што е „шарфер“, што е „клапер“ и за што се задолжени истите, што е „извршен“, а што „линиски продуцент“, се само дел од дефинираните поими што ги содржи Првиот Прирачник издаден од страна на Друштвото за Филмски Работници на Македонија. Филмската индустрија е многу сложена и во продукцијата на еден филм се вклучени голем број на работници и автори кои мораат прецизно да знаат што работат и колку време и буџет имаат за истото.

Во пресрет на 70 годишнината на ДФРМ, сметавме дека е потребно едно вакво систематско подредување и дефинирање на поимите и описите на функциите во филмот. Прирачникот е всушност филмскиот буквар, кој секој филмаџија мора да го знае инстинктивно, доколку сака да се занимава со филм. Ова е многу важен проект и чекор кон поголемата визија, а тоа е дека филмската индустрија во Македонија треба да добива свое конкретно место со дефинирана рамка во која ќе се делува и твори,  изјави претстедателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи.

Секој член на ДФРМ ќе го добие Прирачникот бесплатно. За прирачникот да ја добие својата форма придонесоа сите членови на ДФРМ и нивните соработници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.