Друштвото на писатели на Македонија распиша конкурс за  најдобра песна, краток расказ и есеј на тема „Липа“ за манифестацијата „Празник на липите’’.

На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ, а изборот за најдобра песна, краток расказ и есеј, ќе го врши тричлена комисија.

Песната, краткиот расказ или есејот треба да се испрати во четири примероци потпишани со име и презиме, е-мејл адреса и телефон од авторот на следнава адреса: Друштво на писателите на Македонија, улица Максим Горки бр.18 1000 Скопје, или на адресата на ДПМ; [email protected] најдоцна до 15 јуни 2022 годинa, соопштија од писателската асоцијација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.