Театарската претстава „Самрак на боговите“, која ќе се одигра вечерва во рамките на програмата на Охридско лето наместо на сцената „Долни Сарај“ каде што беше предвидена, ќе се биде во центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот, соопштија од „Охридско лето“.

Причината за промената на локацијата, е најавата за лоши временски услови во текот на вечерта.

„Самрак на боговите“ во продукција на СНГ Драма од Марибор, Словенија а во режија на Далибор Матиќ, е претстава што зборува за сппротивставеноста на политиката и интимните манипулации, особено во поглед на меѓучовечките односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.