Еден од наjпознатите музичари од екс ЈУ сцената д-р Неле Карајлиќ, покрај успесите во сатиричните комедии како „Топ листа надреалиста“ и учеството во бендовите „Забрањено пушење“ и „Но смокинг оркестра“, стана и автор на романи, а неговото најново дело, вториот дел од „Солунска 28“, онлајн ќе биде промовирано денеска во 19:00 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“.

Вториот дел од оваа трилогија е посветен на луѓето и случувањата кои минувааат низ куќата на самото пристаниште на Дунав. Д-р Крајлиќ по којзне кој пат докажува дека има неисцрпна енергија која успева да се избори со најголемите животни и уметнички предизвици. Зборувајќи за сето она што ги има снајдено станарите на „Солунска 28“ во тек на германската окупација на Белград во време на Втората светска бојна. Д-р Карајлиќ нуди еднакво читачко уживање и на оние кои го прочитале првиот дел од трилогијата, но и на оние кои сега се приклучуваат кон армијата, се вели во предговорот на книгата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.