Стручното жири во состав од Благој Чоревски – Чоре – актер, Мирјана Ристов – актерка и Билјана Крајчевска – драматург, на првиот Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ кој се одржа во Неготино од 5 до 9 септември 2022 г. едногласно ги донесе следниве одлуки:

1.    Наградата за најдобро актерско остварување -најдобра машка улога – за впечатлива актерска експресија  со која создава поинаква драмска и сценска „атмосфера“ за секој толкуван лик, му припадна на актерот Тони Денковски за улогите во дуодрамата „Анатомија на неверството“  од НУ Театар Комедија – Скопје, во режија на Александра Кардалевска.

За жал,Тони не е во можност да си ја подигне наградата, бидејќи токму  вечерва гостува  на фестивалот во Струмица, играјќи ги истите улоги за кои ја доби наградата најдобра машка улога!

2.    За најдобро актерско остварување –  наградата за најдобра женска улога-  за силната актерска експресија, емотивност, убедливост  и интелигенција во остварувањето, ѝ се доделува на актерката Димитрина Мицкоска во дуодрамата „Грета“, на театарот „Златен Елец“ -Скопје, во режија на Тамара Стојаноска.

3.    Наградата за најдобар актерски пар, кој оствари атмосфера на заедништво во промислена и прецизна актерската естетика, несебично и доследно градејќи целокупна сценска автентичност се доделува на Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов за изведбата на дуодрамата „Ожени ме“ на Театар Провокација, Скопје во режија на Роберт Ристов.

4.    Специјалната награда „ Бранко Ѓорчев“ за извондреден актерски израз се доделува на дуодрамата „Мојот сопатник стравот“ на театарот „Сцена Маска“ од Шабац, Р. Србија.

5.    Стручното жири наградата Grand prix – за возбудлива и провокативна претстава која низ исклучителни инвентивни и емотивни играни актерски и режирани драмски сцени во својата комплексна структура поттикнува преиспитување на сложените егзистенцијални прашања со критика на општествените, социјалните и политичките проблеми ја доделува на  дуодрамата „Кислород“ од НУ Народен театар – Битола  во режија на Иван Јерчиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.