Претставата „Шеги на љубовта“ по текстови на Чехов и во изведба на Сатиричен театар „Алеко Константинов“ од Софија ја доби наградата за најдобра претстава во целина на 17. Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа 2019“ кој се одржа во Сарајот во Ресен.

Наградата за најдобро актерско остварување ја доби Јулија Милачиќ – за улогата во „Смрт и девојка“ на Црногорскиот народен театар од Подгорица.

Одлуките ги донесе жирито во состав: Мето Јовановски (претседател), Лилјана Котевска-Плевнеш, Елена Трајковска и Брајан Мајклс.

Монодрамата „Симедеја или човечки глас“ од Косово ја доби наградата „Жак Лакариер“ за оригинална театарска инвентивност, а македонскиот актер Здравко Стојмиров наградата „Наум Манивилов Преспански“ за неговото театарско толкување на „ЗОО Приказна“ од Едвард Олби.

За најдобар млад актер беше прогласена Сара Марковска, која ја доби наградата „Млада Европа“, за улогата во монодрамата „Пауна“, додека наградата од публиката му припадна на  Драган Тешиќ  од „Драфт театар“ од Тузла, за претставата „Со кого, со што во ЕУ?“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.