Во Битола со прогласување на победниците, свечено беше затворен 21 Интернационален фестивал на монодрама. Под мотото “….и продолжува” од 9 до 12 Битола беше светски центар на театарската форма во која еден актер создава претстава која ги има сите атрибути на моно спектакл.

Во официјалната програма имаше 11 монодрами со актерски екипи од 10 држави. Се играше на 4 сцени во НУ Центар за култура и Народниот тетатар во Битола. Жири комисијата во состав: Нина Мазур – член на жири Софија Ристевска Петрушева – член на жири Ментор Зумберај – претседател на жири ја донесоа следната одлука: Награда за најдобра режија: “Комедијантка” Бугарија Режисер Невена Митева Актер Маја Бежанска Награда за најдобар актер: “Забелешка на покојникот” Русија Автор: Михаил Булгаков Актер: Игор Ларин Гран при на фестувалот “Трите животи на Исидора Данкан” Молдавија Автор: Зиновиј Сагалов Режија: Марија Паљницкаја Актер: Јана Лазар Награда од публиката: “Сé што сум премолчела” Хрватска Актер: Миа Беговиќ Режија: Иван Лео Лемо Наградите ги доделија претседателот на жирито Ментор Зумберај, директорката на фестивалот Маја Андоновска Илијевски и Градоначалничката на Битола Наташа Петровска, соопштија организаторите.

По официјалното врачување на наградите, во чест на лауреатите беше одиграна монодрамата „Пасија по Биби„ на актерот Петар Милошевски кој живее и работи во Лондон, Велика Британија. Потоа гостите и публиката останаа на неформално дружење на афтерпарти во фоајето на Центарот за култура.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.