По повод соопштението на Министерството за финансии со кое се информира дека во моментот се работи на изнаоѓање на одржливо системско решение кое ќе се однесува на целиот јавен сектор, Синдикатот на Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм ги поздравуваат сите законски решенија кои ќе придонесат кон квалитетни реформи во системот, како и кон соодветна валоризација на трудот на вработените, се вели во реакцијата на Синдикалната организација при Министерството за култура на УПОЗ на соопштението на Министерството за финансии.

До донесувањето на овие решенија, бараме платите да се решат преку склучување на Колективен Договор со кој во демократска и транспарентна постапка се дефинира висината на платата.

Затоа останува нејасно, зошто Министерството за финансии за себе создаде исклучок, односно зошто уредувањето на платите на вработените од Министерството за финансии е надвор од системот кој треба да важи за сите останати во јавниот сектор?!Зошто и тие не почекаа, прашуваат од Синдикална организација при Министерството за култура на УПОЗ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.