Во рамките на манифестацијата ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА 2021 вечерва настапуваат АЛБАТРОС ICARUS ENSEMBLE – Италија во 20 часот во Даут Пашин Амам
На програмата се дела од Томе Манчев ДД…. за соло флејта Михаило Трандафиловска
SANDGLASS за соло кларинет, Дарија Андовска, DorMirNo за флејта, кларинет и пијано
Силвано Бусоти ПЕТ ПИЕСИ ЗА ДАВИД ТУДОР ПФ, Иван Феделе REFLETS за пијано,
Алесандро Солбиати ALBATROS TRIO.

На своето прво гостување во Македонија, ансамблот за современа музика ICARUS од Италија ќе изведе репертоар од македонски и италијански автори. На програмата се камерни дела од Томе Манчев, Дарија Андовска, Михаило Трандафиловски, Силвано Бусоти, Иван Феделе и Алесандро Солбиати.

ЗА АНСАМБЛОТ
Icarus vs Muzaik е успешно продолжение на Icarus Junior, младинскиот ансамбл кој е формиран и делува под водство на Icarus Ensemble од 2007 година. Ансамблот настапувал во САД, Шпанија, Франција, Египет, на Биеналето во Загреб и во поголемите италијански градови. За современата колекција „Марамоти“, а по повод доделувањето на уметничката награда за жени која ја доделува основачот на колекцијата, Макс Мара, во соработка со галеријата „Whitechapell“ од Лондон,  ансамблот реализирал неколку проекти кои ги извел низ годините за најголемите сопственици на уметнички галерии во светот.

Во 2017 година, ансамблот ја започнува својата резиденција на Академијата „Брера“ во соработка со „Amici di Musica/Realtà“, асоцијација основана од страна на Луиџи Ноно, Луиџи Песталоца и Џакомо Манѕони. Благодарение на оваа соработка настанаа бројни значајни, како автономни, така и колаборативни проекти со ансамблот Икарус, меѓу кои се вбројуваат и „Sinestesie“ во соработка со Pinacota di Brera, „Непријавено“ („Unreported“) и опера од Алесандро Мелкјоре, базирана на авионската несреќа во Устика. Во 2018 година ансамблот успешно ја претстави Акдемијата Брера на Венециското биенале во рамки на проектот поддржан од страна на Министерството за културно наследство.
Во 2018/2019 година, ансамблот започна да ја истражува врската помеѓу античкото и современото низ серија нарачки за нови дела од различни композитори, изведени во неколку италијански градови. Проектот „Cervelli in fuga“, колекција на дела од млади италијански автори кои живеат во Париз беше изведен во Мадрид, Авила, Милано/Брера, Реџио Емилиа. Во 2020, ансамблот учествуваше на фестивалот за архитектура „Rigenera“ со композицијата „Persephassa“ од Јанис Ксенакис. Икарус е победник на конкурсот „Vivere all’Italiana in Musica“ на Министерството за надворешни работи на Италија, чија што намена е ширење на италијанската музика низ светот.

Во 2021 година, покрај настапот на „Деновите на македонска музика“, ансамблот ќе реализира и турнеја во Мексико, каде ќе настапи на неколку реномирани фестивали и сцени: Festival Cervantino, Centro National de las Artes, Forum Manoel Enriquez.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.