Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) оцени дека е спорно именувањето на в.д. директорот на Агенцијата за филм на 15 декември 2020 година од страна на Владата.

Спорно за ова лице именувано како директор, појасни Владимир Георгиев, член на ДКСК на денешната прес-конференција, е дека истовремено е и член на Управниот одбор на Агенцијата за филм.

Тој истакна дека оваа оценка е донесена согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси и затоа ДКСК на овој начин превентивно делува и и укажува на Владата, а можеби и на денешната седница, како што рече, да го разреши ова лице од член на УО доколку смета дека тоа лице треба да ја врши должност в.д. директор на Агенцијата за филм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.