Она што вчера Фокус го објави дека Владата го назначила новиот в.д. директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски без претходно да го разреши од позицијата член на Управен одбор, денеска го потврди Државната комисија за спречување на корупција.

Утврдивме дека новиот директор на Агенцијата за филм бил назначен без претходно да биде разрешен од функцијата член на Управниот одбор на истата институциија. Ова значи дека има акумулација на функции, што е спротивно на законот, изјави за Фокус претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Владата пред три дена го постави Бојан Лазаревски за в.д. директор, иако распиша конкурс за директор со мандат цел мандат од две години кој заврши пред еден месец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.