Антикорупционерите поведоа иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење против поранешен министер за култура, кој се обвинува за злоупотреба на службена должност во врска со договори и анекс договори, склучени на 24 јули 2020 година, кои се во врска со годинашните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.

Иако антикорупциска не го откри името на министерот, временската рамка која ја наведоа – 27 јуни 2019 до 30 авгст 2020 година, укажува дека функцијата министер за култура тогаш ја извршуваше Хусни Исмаили, сегашен пратеник од редовите на Алтернатива.

Од Министерството за култура било побарано да се изврши контрола на работењето во делот на законската основаност на договорите и анекс договорите склучени на 27 јуни 2020 година.

Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска, истакна дека сите овие сознанија упатуваат дека раководното лице во Министерството за култура си преземало обврски надвор од расположливите средства со Буџетот, што, како што нагласи е забрането и казниво.

Телевизија 24 се обиде да стапи во контакт и со актуелниот пратеник Хусни Исмаили, против кој се однесуваат овие обвиненија, меѓутоа и по неколку телефонски повици тој остана недостапен за коментар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.