Распределбата на сретствата од годишната програма на Министерството за култура ќе стане предмет на истражување на Државната комисија за спречување корупција. Оттаму вечат дека ќе им бидат потребни два месеци да истражи како се распределувале сретствата во Годишната програма за култура, бидејќи како што посочи претседателката на Комисијата, по отворениот предмет тие добиле обемен материјал од Министерството за култура и за да го истражат целосно, ќе го искористат законскиот рок од 60 дена.

Отворивме предмет, добивме податоци од Министерството за култура. Малку пообемен е тој предмет и бара повеќе време. Така што , за тој премет ќе го користиме законскиот рок од 60 дена, да го обработиме. Не заради друго, зашто има многу апликации, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

 

Државната комисија за спречување корупција отвори предмет откако на 8 февруари Министерството за култура ги објави резултатите од Годишната програма за култура, а бура од реакции се појави во јавноста од страна на поединци и институции кои обвинуваа дека сретствата се распределени преку етнички и партиска врски, и дека се подржани новоформирани фирми , наспроти докажани културни манифестации и фестивали.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.