Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија, Игор Иванов – Изи и Генералниот секретар на ДФРМ, Томи Салковски денеска ќе учествуваат на Регионалната конференција на филмски режисери, што се одржува во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска режија (LIFFE) во Лесковац.

На конференцијата учесниците ќе имаат прилика да ги разменат своите мислења и ставови за состојбите во регионалната кинематографија, а оваа година акцентот ќе биде ставен на заштитата на авторските права во аудиовизуелната дејност.

 

Годинашната конференција ќе биде посветена на прашањата за авторска егзистенција, професионализацијата на работата, користењето на нови технологии и нивното влијание на либерализацијата при снимањето филмови, за заштита на авторитети и авторството на режисерите, автономијата на филмот и слободата на изборот на теми и одговорноста на авторите без калкулации кон вистината и историјата.

 

Ова прашање не е регулирано ниту во македонската кинематографија, па претставниците на ДФРМ ќе имаат можност да ги истакнат проблемите на авторска сопственост со кои се соочуваат домашните филмски автори, како и да се запознаат со ситуацијата во соседните држави и како тие наоѓаат начини за решавање на овие горливи прашања.

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.