Благодарение на вештачка интелигенција, „Десеттата симфонија“ на Лудвиг ван Бетовен е композиторски довршена и сега е целосна.

Оркестарот „Бетовен“ од Бон, Германија, планираше да ја изведе композицијата кон крајот на април, на 250-годишнината од раѓањето на славниот германски композитор. Но, поради пандемијата премиерата е одложена за ноември.

Љубителите на класична музика, за тоа треба да му се заблагодарат на „Дојче телеком“, кој го покрена овој проект. За тоа, лани беа најмени меѓународен тим музиколози, пијанистот Роберт Левин и група компјутерски стручњаци.

За „Десеттата симфонија“, Бетовен го напишал само почетокот. Конечната верзија има два дела и трае 20 до 25 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.