На 42. ДММ, во сабота, (13 април) во Музејот на македонската борба со почеток во 20 часот концерт ќе одржи Концерт на ЛАУМА СКРИДЕ – пијано, Летонија / Германија.

На програмата на првото гостување на светски реномираната пијанистка Лаума Скриде на фестивалот се дела од композиторите Мехмет Џан Озер, Петерис Васкс, Петар Јованов, Сорен Нилс Ајхберг, Софија Губајдулина, како и од македонските автори Борис Светиев, Гоце Коларовски и Ана Пандевска.

Според критиката на Bavarian Broadcasting Service, изведбите на Лаума Скриде се чудесно чувствителни, со прекрасен тонски квалитет и секогаш со врвнa виртуозна кондиција. Комбинирани со брилјантна техника, ова се квалитетите со кои Лаума Скриде ги плени слушателите на големите концертни сали по целиот свет како солист и камерен музичар.

Лаума Скриде, на која во 2008 година ѝ беше доделена наградата „Бетовенов прстен“, е високо-признаена за нејзините интерпретации на германскиот класичен и романтичен репертоар. Таа настапува со оркестри како Велшкиот BBC National Orchestra, Ulster Orchestra, Hungarian National Philharmonic, hr-Sinfonieorchester Frankfurt, Hamburger Symphoniker, Dresdner Philharmonie, Essener Philharmoniker, Bremer Philharmoniker, Philharmonisches Orchester Heidelberg, Tapiola Sinfonietta и Orquesta Filarmónica de Gran Canaria. Соработува со диригенти како Pedro Halffter, Kristjan Järvi, Cornelius Meister, Andris Nelsons, Anu Tali, Muhai Tang, André de Ridder, Peter Ruzicka, John Storgårds, Yan Pascal Tortelier и Xian Zhang. Како многу баран камерен музичар, во 2008 година Лаума Скриде го основала ‘Skride Quartet’ заедно со својата сестра Баиба, Хариет Кријг и Лиз Берто. Оттогаш, квартетот е постојано на турнеи по главните европски сали и фестивали.

Лаума Скриде е исто така посветена на одамна востановеното дуо со нејзината сестра. Двете сестри заедно настапувале во салата Вигмор во Лондон, на Прашкиот пролетен фестивал итн. Во октомври 2011, заедно со Royal Danish Orchestra – Copenhagen и Swedish Chamber Orchestra, дуото за првпат го изведува Двојниот концерт од Ханс Абрахамсен, дело што било специјално компонирано за оваа двојка. Страствената енергија, младешката издржливост и музичката чувствителност станаа заштитни знаци на дуото Скриде. Останати музички партнери на Лаума СКриде се челистот Даниел Милер-Шот, Сол Габета и Јулијан Стекел, како и Јорг Видман, Кристијан Тецлаф и квартетот Армида.

Во 2018/19, Скриде квартет се поканети да настапуваат, меѓу останатото и во Schubertiade Hohenems, Wigmore Hall London, Louvre Paris, Muziekgebouw Eindhoven, со деби на Музичкиот фестивал во Тенглвуд (САД) летото 2018 и на голема турнеја во САД во март 2019. Првото ЦД на квартетот ќе биде издадено во 2019 од страна на издавачката куќа Орфео. Понатамошни позначајни настапи на Лаума во сезоната 2018/2019 вклучуваат соло-рецитал во Royal Concert Hall Nottingham, дуо рецитал со Даниел Милер-Шот во Летонија и Германија и деби со Royal Northern Sinfonia, со изведба на Клавирскиот концерт на Клара Шуман по повод 200-годишнината од раѓањето на композиторката.

ВО 2007 година Лаума Скриде ја добила наградата ECHO Classic Award за млад уметник за својата изведба на клавирскиот циклус Das Jahr for Sony од Фани Хенсел. Заедно со Баиба во 2011 за Орфео ги снимиле транскрипциите на Унгарските танци од Брамс за виолина и пијано од Јозеф Јоаким. Во 2016 издале и ЦД со целосно скандинавски репертоар.

Родена во Рига, во 1982, Лаума Скриде е најмладата од трите ќерки во музичко семејство. Почнала да свири пијано на петгодишна возраст, станал ученик на Анита Паце во Музичката школа Емил Дарзин во Рига. Потоа студирала со Фолкер Банфилд на Универзитетот за музика и театар во Хамбург. Од својата единаесетгодишна возраст учествува на бројни меѓународни натпревари, меѓу кои и натпреварот „Марија Каналс “во Шпанија и Меѓународниот натпревар по пијано во Кливленд (САД), на кои освоила и неколку награди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.