Традиционалните 57. „Денови на македонска фотографија“, кои ќе започнат на 1 јуни, во 19 часот, ќе се одржат во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Домаќин на изложбата годинава е киноклубот „Прилеп“, а ќе бидат презентирани 122 фотографии од 52 автори. Планирано е доделување на награди во конкуренција на сениори за поединечна фотографија и за колекција на фотографии во јуниорска конкуренција награда за поединечна, а за првпат и награда за документарна фотографија. На изложбата ќе ѝ претходат проекции на автори од целава земја, а манифестацијата, како што најавува организаторот, Фотосојузот на Македонија, ќе заврши следниот ден со фотосафари во околината на Прилеп.

Од Сојузот, кој постои 73 години, укажуваат дека преку своите клубови и самостојни членови тој останува темел за унапредување и афирмација на македонската фотографија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.