Овој петок, (10 јули 2020), со почеток од 20.30 часот, по девети пат ќе се оддржи Меморијалната манифестација „Денот кога се роди добриот човек“.

Манифестацијата е посветена на добриот човек од Кавадарци – Дејан Костов Лиса, урбана градска легенда. Човек од поубавата страна на кавадаречките градски приказни и живот, дете на вистинскиот центар на градот, пријател и соработник на најдобрите уметници од сите сфери во Кавадарци.

Дејан Костов Лиса е човекот поради кој сите ние станавме подобри луѓе.

Овојпат манифестацијата ќе се одржи онлајн, со емитување во живо на ФБ страната на “Алтер Центар“. Со почитување на сите мерки и протоколи за работа и оддржување настани во време на ковид-19.

Организатор на Меморијалната манифестација „Денот кога се роди добриот човек“ е Здружението за алтернативна култура „Алтер Центар“ Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.