Денеска е Меѓународен ден на музеите и Европска ноќ на музеите и влезот во сите музеи во Македонија е бесплатен.

Во Археолошкиот музеј во тек е ексклузивната изложба „100 години Требениште“ , со над 400 артефакти од некрополата во Требениште, Охрид, заедно со прочуените златни маски кои се наоѓаат во музеите во Бугарија, Србија и Македонија. Музејот ќе биде отворен од 10 до 18 часот.

Во Музејот на Македонија во 19:30 часот ќе се отвори изложбата на цртежи и копии-фрески на Владимир Деловски-Џиџи, насловена „Тивкиот Маестро“. Музејот ќе биде отворен од 9 до 23 часот.

Во објектите на Националната галерија во тек се три изложби: Младинскиот пролетен салон е во Мала станица, во Чифте амам на Африм Спахиу, а во Даут пашин амам на Костадин Танчев-Динка.

Во Музејот на Град Скопје е поставена јубилејната изложба: „Словенските апостоли Св. Кирил и Методиј “ по повод 1150 години од упокојувањето на Св.Кирил. Музејот на Град Скопје ќе биде отворен од 9 до 23 часот за посетители.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.