Дарија Андовска, професорка на ФМУ на својот фејсбук профил укажа на моменталните состојби со наставата.

Продолжува инаетот за дигитализација, м.

Еве, нека повели госпожата министерка на ФМУ – Скопје.

Интернет има само во канцеларија.

Кога држам комбинирана настава (некои од студентите се присутни, некои следат онлајн), интернет си давам јас со hotspot.

Лаптоп си носам јас. Мој.

И JBL звучник. Мој.

Кабли исто.

Многу често ми се троши мобилниот интернет, па мора брзински да пратам порака за дополнителни бајти.

Добар дел од неонките не работат, па е темно, или трепкаат, па ризикуваме епилептичен напад.

На факултет при УКИМ. Во Скопје, главниот град.

Или можеби во средните и основните училишта во помалите градови или во руралните средини е поарно, м.

Продолжува инаетот за дигитализација, м.
Еве, нека повели госпожата министерка на ФМУ – Скопје.
Интернет има само во…

Posted by Darija Andovska on Tuesday, May 4, 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.