Во петок, 22 ноември  со почеток во 20 часот, во рамките на фестивалот „Есенски  музички свечености“ 2019, во Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетската претстава „Дамата со камелии“  на музика од Џузепе Верди.

„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31.10.2014 година. Работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи  Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш  гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат првенците Мими Поп Алексова Атанасовска  и Бобан Ковачевски. Настапуваат  солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.