Атиџе и „Медена земја“ не ја отсликуваат македонската реалност, вели пораншената министерка за култура Ганка Цветанова, но не поради критиките на дел од јавноста за документарниот македонски филм кој собра огромен број на светски награди, а сега е номиниран зa два „Оскари“, туку поради сè она што се случуваше изминатите три години во Македонија.

Атиџе и Медена земја не ја отсликувале МК реалност. Така е. Да снимиме филм за Боки 13 и Ката како после прославите на 1ТВ каде присуствуваше цела Влада ги апсеа за рекет. Па за „Рекет 2“, „Рекет 3“. За аболициран премиер кој една година си прави муабет со лажен Порошенко. Пореално здравје, порача Цветанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.