По повод новогодишните празници, Mакедонската опера и балет ја најави балетската претстава „Оревокршачка“. Поради големиот интерес, најавени се четири изведби во среда, 25.12, сабота, 28.12, недела 29.12 и понеделник на 30.12.2019.

Претставите на 25 и 29 декември се наменети за најмладите и се со почеток во 12 часот на пладне, додека претставите на 28 и 30 декември се со почеток во 20 часот, со оркестарот, балетски првенци, балетски солисти, балетскиот ансамбл како и ученици од ДМБУЦ – Илија Николовски Луј. Диригент е Бисера Чадловска.
Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски. Волшебна балетска авантура за сите возрасти. Новогодишно-божиќна бајка која мириса на снег, карамела и на цимет. Обоена е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од балетот „Оревокршачка“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.