Во пресрет на 25 март, денот на кој големиот поет и преродбеник Григор Прличев во 1860 година во  Атина за поемата „Сердарот“ бил награден и овенчан со ловоров венец НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ќерката на академик Милан Ѓурчинов, проф. д-р Анастасија Ѓурчинова во петок на 24 март органзираат книжевен настан под наслов: „Григор Прличев во компаративен клуч“.

Со ова случување продолжува чествувањето по повод 130 години од  смртта на Прличев, но и одбележувањето на 95 годишнината од раѓањето на Милан Ѓурчинов. Не случајно за првпат за јавноста се отвора дел од куќата на проф. д-р Ѓурчинов во Охрид која крие уште една симболика во себе. Во 1965 година градската библиотека функционирала на првиот кат од куќата.

Професор Татјана Дурнева ќе го чита есејот од  д-р Милан Ѓурчинов „ Делото на Григор Прличев на фонот од Балканскиот културен плурализам“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.