„Цепки” е насловен гала настанот на иницијативата „ПичПрич” што ќе се одржи вечер од 20 часот во Филхармонија, по повод десет години од Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско”.

Организаторот на настанот – Тиииит! Инк. соопшти дека во фокус на настаните на јубилејното издание на фестивалот оваа година е субверзивната моќ на хуморот, посебно имајќи го предвид традиционалното исклучување на женските гласови од областа на смешното и честото исмевање со „типично женските” искуства.

„Темата „Цепки” има цел да понуди повеќе интерпретации на тоа што е смешно, а истовремено и да ја насмее публиката. Свои интерпретации на темата ќе раскажат петмина локални раскажувачи кои со своите настапи веќе оставиле голем впечаток на публиката на „ПичПрич” – уметницата Јана Јакимовска, планинарката и уметница Илина Арсова, писателот Петар Андоновски, радиоводителката Маја Казакова и режисерката Софија Ристевска. Како и на сите други гала настани на „ПичПрич”, настапува и една регионална раскажувачка, а тоа е хрватската книжевничка и активистка Мима Симиќ“, информира тимот на Тиииит! Инк.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.