Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија започна презентацијата на македонски и бугарски поети – учесници на 15-то издание на Мајските средби на словенските уметници „Света реч“ во Бургас.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на отворањето на настанот, директорот на КИЦ Сашко Насев рече дека соработката прераснала во вистинско пријателство меѓу поетите од Македонија и Бугарија.

На настанот беа читани песни од истакнатите и талентирани автори од Македонија Даниела Андоновска -Трајковска, Соња Серафимовска и Георги Калајџиев, како и од бугарските поетеси Роза Бојанова и Наталија Недјалкова.

Бојанова, една од основачите на Светата реч, ја претстави својата книга „Обратна гравитација“, која неодамна ја објави Издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје, во превод на Бранко Цветкоски. Недјалкова пак, прочита стихови од нејзината стихозбирка „Стапица за поетски соништа“, што ја напиша под уметничкиот псевдоним ЗумБула.

На настанот присуствуваа претставници на софиската културна средина, како и светски познатиот македонски пијанист Симеон Трпчески

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.