Вечерва од 18 часот на новата сцена на Млад отворен театар (МОТ), Железничката зграда, ќе биде изведен перформансот „Сè е во парите“ на театарската платформа „Бацачи сјенки“ од Хрватска, во режија на Борис Бакал. Проектот се занимава со односите меѓу општествените и материјалните вредности од една и парите од друга страна, од перспектива на лични наративи, реални финансиски примања, финансиските кризи, како и амбивалентната улога на парите во целокупната општествена размена.

Во претставата играат актери од Италија и Словенија, Адријано Џирарди, Мануел Бутус, Даша Гргиќ и Елена Хусу.

Не е сè во парите, има нешто и во недвижностите (н.з. се смее). Нас не интересираше зошто постојано зборуваме за парите и дали парите станаа наша религија, а банките станаа цркви, вели за „Република“ режисерот Бакал.

Бакал направил перформанс кој не е апстрактна приказна, туку во него поврзува одредени политичики и финансиски одлуки.

Дали во таа трка за пари, заборавивме на другите вредности? Претставата се бави со нас, луѓето, но во онаа смисла дека и зад се ова стојат луѓе. Таа не е апстрактна приказна. Во неа поврзавме одредени политички и финансиски одлуки, вели Бакал.

Концептот на проектот е базиран на банкарско-финансиската „револуција“ на светскиот пазар, а во истражувачкиот процес се собираат сведоштва за лични искуства со пари. Во фокусот на истражувањето на претставата се земји како Хрватска, Италија, Словенија…Се поставува прашањето како таму се сфаќаат односите меѓу парите, збогатувањето, осиромашувањето, лошата финансиска среќа.

Нема разлика, има специфики на составот но тоа е занемарливо. По тоа прашање сме глобализирани, во иста каша сме и изложени сме на исти предизвици. Многу сме ранливи и тоа е видливо, ја прави разликата кога се гледа поединецот во одност на општеството. Претставата е еден вид на предавање, всушност фингира предавање. Таа се поигрува со лажната дидактичност, вели Бакал.

Шестата фестивалска вечер на МОТ завршува со романската претстава „Момчињата на Медеја“ на театарот „Аполо 111“ во режија на Андреи Мареји на малата сцена на НОБ во 20 часот. Во Младинскиот културен центар од 22.30 часот е третата претстава од денешната програма – „Арапска ноќ“ на Прилепскиот театар на режисерката Зоја Бузалковска, со настап во живо на групата „Фолтин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.