Вториот ден на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ нуди богата програма. Филмовите ќе се прикажуваат во кино „Фросина“ во Младински културен центар (МКЦ), Кинотека и паркот позади МКЦ.

Во Кинотека во 15 часот „На едно ладно со Митко Панов“ – Мастер клас со режисерот Панов, а во 18 часот е закажана проекција на неговиот филм „Сведок“.

Во СЕЕ селекција во 20 часот е „Јавачи“, на режисерот Доменик Менцеј.

Во кино „Фросина“ во МКЦ „Еден тон сладолед“ (19 часот) на македонската режисерка Сандра Ѓеорѓиева. Филмот ја следи агониіата и борбата со грижата на совест на тинејџерот Ведран. Во обид да се ослободи од притисокот, го комплицира животот на Ева, млада самохрана мака на малата Софија. Со низа апсурдни ситуации проблемот станува сѐ поголем, посериозен може да тежи колку еден тон сладолед.

Во гала селекцијата во 19 часот „Паднати лисја“, по сценарио и режија на Аки Курисмаки.  Филмот е приказна за двајца осамени луѓе што случајно се среќаваат една ноќ во Хелсинки и се обидуваат да ја наідат првата, единствена и последна љубов на своіот живот. Патот кон оваа искрена цел е засенет од алкохолизмот на мажот, загубени телефонски броеви, тоа што не си знаат име ниту адреса, како и општата тенденција на животот да поставува пречки на патот на тие што си jа бараат среќата.

Во програмата МК кратки во 21 часот е „4891“ на режисерката Ивана Мирчевска.

Во СЕЕ селекција во 21,15 часот е филмот „Сте ја виделе ли оваа жена“ во режија на Матија Глуевиќ и Душан Зориќ.

Во официјалната селекција во МКЦ Парк во 20,30 часот ќе биде прикажан филмот „Граници на љубовта“ на режисерот Томаж Вински. Хана чувстввуа дека врската со Петар им запаѓа во криза, па решава да ја освежи преку споделување на свои еротски фантазии и скриени желби со него. Чекорот од зборови до дела е мал. Набрзо почнуваат да ја истражуваат сопствената интимност, пробувајќи искуства со други партнери и жестоко туркајќи ги границите и колку далеку можат да одат во љубовта и сексот. Меѓутоа таков експеримент со слободата може лесно да излезе од контрола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.